Долдуров и Радовиш ја продолжија соработката на уште една сезона

Радовиш полека го комплетира составот за новата сезона, а раководството на клубот успеа да го задржи еден од носителите на играта, Александар Долдуров.

Договорот на еден од играчите со најдолг стаж во Радовиш, беше продолжен на уште една сезона.

Искусното лево крило одигра одлична сезона во Супер лигата и со својот клуб обезбеди опстанок во елитното друштво.

Во Радовиш остануваат и Спасе Ѓоргиев, Кристијан Ристов, Здравко Постолов и Ангелче Органџиев, додека клубот ќе треба да бара нов тренер, откако Андон Бошковски беше ангажиран како нов предвоник на Пролет.