Долга серија – немаат загубено 60 натпревари по ред во сите конкуренции!

Со триумфот над европскиот првак Кристијансанд, ракометарките на Битигхајм ја продолжија серијата без пораз во сите конкуренции.

Таа е долга 60 натпревари во Бундес лигата, Купот на Германија, Суперкупот на Германија, Лигата на Европа и Лигата на шампионите.

Последен пат тимот на Битигхајм загуби лани во март од Борусија Дортмунд во натпревар од Бундес лигата.

Претходно Битигхајм имаше серија од 57 натпревари со победа, која беше прекината со ремито со ЧСМ Букурешт во ЛШ, но сепак продолжува серијата без пораз.

До крајот на октомври и пред паузата за Европското првенство, Битигхајм ќе игра уште четири меча – еден во првенството и Купот на Германија, а во ЛШ ќе се соочи со Крим и Оденсе.