Доколку пропуштивте: Најдоброто од Швајцарија – Македонија во три минути (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија денеска обезбеди втора победа во квалификациите за Европското првенство во 2022 година, а бодовите беа освоени во Шафхаузен против Швајцарија со 25:23.

Македонија имаше подобра игра во поголемиот дел од средбата иако и на двете страни имаше грешки. Сепак, кога најмногу требаше профункционираа сите редови и беше обезбедена предноста која беше и повеќе од доволна за триумф.

Имаше одлични моменти од речиси сите играчи и секој даде свој придонес во оваа победа. Одличните моменти, неколку преубави погодоци донесоа можност за да се обезбедат важни бодови.

Што се случуваше на оваа средба можете да погледнете во најинтересните моменти поврзани на едно место во видео од три минути. Истото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.