„Доколку не беше Михајло, Вардар ќе згаснеше“

Поранешниот ракометар на Вардар, Немања Прибак во разговор за „Балкан Хендбол“ го искажа своето мислење за настапите на неговиот поранешен клуб во сезоната што изминува и ситуацијата во клубот.

Екс-репрезентативецот на Македонија ја оцени сезоната на Вардар како одлична, бидејќи во клубот биле направени голем број на промени, но и покрај проблемите, сепак, Вардар го задржува епитетот најдобра екипа во Македонија.

„Мислам дека е добра сезона, би ја оценил со 4 на 5, па дури и 5 на 4. Зошто? Затоа што многу работи се сменија во клубот. Од управа, секретарот, па сè до директорот. Го познавам Михајло и верував дека никогаш нема да се врати во Вардар. Тој во последен момент се појави како апсолутен спасител. Да не беше тој, клубот ќе згаснеше. Тој човек се појави, ги донесе оние ракометари кои ги најде на пазарот, тренерот се смени, мислам беше многу неблагодарна сезона за тренерот, но и за него. Беа елиминирани од Веспрем во Лигата на шампионите, го освоија првенството во Македонија (иако има уште неколку кола), го освоија и Купот на Македонија покрај Еурофарм Пелистер, кој има одличен тим”,  изјави Прибак.

Немања Прибак за Вардар настапуваше од 2007 до 2009, но по неколку сезони повторно се врати во Скопје, го носеше вардаровиот дрес и од 2012 до 2015 година. Во моментов настапува за шампионот на Србија, Војводина. Средниот бек кој има и македонско државјанство додека настапуваше за Вардар беше миленик на навивачката група „Комити“.