Додека ривалите се на струшкиот турнир, ГРК Тиквеш кова тактика (ФОТО)

Новиот суперлигаш ГРК Тиквеш се наоѓа на подготовки во Дојран каде што ќе се има главната фаза од тренинзите. Сезоната почнува на 12 септември, а ракометарите имаат можност да работат и да се подготвуваат.

Составот е комплетен откако пристигна и Андреј Хапал, со што сега составот е комплетен, па тренерот Томче Петрески ги има на располагање сите ракометари кои се планирани за настап.

За време на подготовките во Дојран може да ги снима противниците и да почне со создавање на тактика за новата сезона. ГРК Тиквеш во новата сезона ќе игра со Металург, Бутел Скопје, Прилеп, Работнички, Младост Богданци и Еурофарм Пелистер 2. Дури четири екипи од нив се на струшкиот турнир така што ќе има можност да се скенираат доста од ривалите.

После одработувањето на тренинзите во Дојран ќе почне играњето на контролни средби, а во план се два натпревари со Радовиш, како и натпревари против Охрид и КЛ7.