Додека газат се пред себе на ЕП во Данска, ја подготвуваат и дипломската за факултет!

Женската репрезентација на Хрватска е хит на Европското првенство во Данска откако нанижаа триумфи над светскиот првак Холандија, Унгарија и Србија, па со максимални четири бода се пласираа во главната рунда.

Таму ги чекаат тешки испити против Романија, Германија и Норвешка, но избраничките на Ненад Шоштариќ, сигурно ќе имаат уште многу да покажат на континенталниот собир.

Близначките Дора и Лариса Калаус, кои настапуваат на левата и десната бековска пизицијаи, се меѓу најдобрите поединки во хрватската селекција, а покрај тоа што во Данска се посветени на ракометот, таму го подготвуваат и дипломскиот испит за на факултет.

Двете студираат психологија и имаат просек од 4.9 и веќе се на крајот.

„Ги спремаат дипломските работи, носат материјали во Данска и таму ќе го доработат. Ако има термини во декември или јануари, сигурно ќе се обидат да го одбранат својот труд. Имаат добиено награда за најдобри студентки на факултетот, што им е навистина драго. Сепак на прво место секогаш го ставале учењето, а потоа спортот“, велат нивните родители Вера и Тихомир за „24Сата“.

Дора и Лариса во минатото се занимавале со теквондо, но набрзина им се промениле афинитетите и се одлучиле за ракомет.

„Едно време ги тренираа двата спорта паралелно, дури ги запишав и на балет, бидејќи и јас се занимавав со тоа. Но се виде по првите неколку месеци дека го немаат тоа во себе и дека ракометот е спорт за нив“, вели нивната мајка.

Нивниот татко смета дека ќе се борат како лавици и на следните натпревари.

„Ќе се борат како лавици. Веќе напрвија огромен успех, а ако победата уште на еден или два меча, којзнае каде ќе им биде крајот….“, вели нивниот татко.

Хрватска денеска од 18:15 часот игра со Романија, а потоа ја учекуваат уште пресметките со Норвешка и Германија.