Добри вести: Металург го исплати Хорват, продолжува соработката

Хрватскиот интернационалец Златко Хорват продолжува со Металург откако клубот ги исполни неговите барања. Тој пред неколку денови упатил ултиматум до клубот дека ако до петок не биде испочитуван договорот, ќе побара раскин на договорот со Металург и ќе си бара нов клуб.

Клубот до последниот рок поставен од играчот ги исполнил барањата на Хорват кои пред се биле од финансиска природа и тој продолжува со „сините“ од Автокоманда. Тој летово потпиша нов двегодишен договор со клубот од Автокоманда.

Останувањето на Хорват и неговото искуство значи сериозно олеснување на тренерот Иван Марковски кој сезонава немаше добра почеток. Откако ги загуби близнаците Оливие и Кевин Њокас кои заминаа по еден месец со клубот, Металург имаше три порази по ред од почетокот на сезоната.

Веќе во недела Металург гостува во Кавадарци кај Тиквеш. Скопскиот тим има три порази по ред на почетокот на сезоната, со што веќе е вклучен алармот. Клубот објави дека од ЕХФ им бил побарам депозит од 50.000 евра за учество во Лига Европа, и тие решија да го откажат играњето. По долги години Металург ќе игра само во домашното првенство и нема да се појави на европска сцена.

Нов шок во Автокоманда: Хорват со ултиматум до Металург