Добри вести за Хрватска, Лука Циндриќ е добро, но Дувњак уште има симптоми

Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват добри една добра и една не така добра вест од докторскиот тим бидејќи еден од заразените ракометари веќе се чувствува добро.

Лука Циндриќ според информациите од докторите веќе нема никакви симптоми и се чувствува многу подобро, но се очекува негативен тест за да може да се врати на тренинзите. Домагој Дувњак уште има симптоми, но благи.

Сепак, постои процедура која мора да биде помината за да можат да се вклучат одново во составот.

„Играчот мора да има два негативни ПЦР тестови од кои првиот е направен најмалку пет дена од почетокот на симптомите. После вториот негативен тест играчот е подготвен за да може да игра. Сепак, мора да се додаде тоа дека негативниот тест не значи дека играчот е способен за игра. Тоа ќе треба да се провери бидејќи играчот моѓе и психички и физички да биде во состојба за да не може да игра“, вели докторот на Хрватска, Томислав Кукин.

Селекцијата на Хрватска е во Групата Ц со составите на Србија, Франција и Украина.