Добри вести за Словаците, можно е да има навивачи на трибините

Ситуацијата со коронавирусот на територијата на Словачка во моментов е нешто подобра и тоа дава позитивни сигнали дека сe ќе помине во најдобар ред и дека Словаците ќе добијат можност да се најдат на трибините.

Пред неколку дена имаше информации дека можеби нема да има можност воопшто да се игра, а потоа следеа вести кои покажаа дека би можело да се игра и пред празни трибини. Сепак, како што одминува времето така вестите стануваат подобри, па сега има шанса натпреварите да се играат и пред публика.

„Подобрувањето на состојбата со пандемијата со коронавирусот ќе придонесе за позитивна одлука за масовните настани во Словачка. Се надеваме дека барем на одреден број гледачи ќе им биде дозволен влез на трибините во Братислава и Кошице. На гледачите очигледно им недостигаат спортски настани. Неизвесноста е дел од секојдневито веќе две години. Веруваме дека состојбата ќе се подобри. Со нетрпение ја очекуваме одлуката на главниот специјалист за вируси за бројот на гледачи што можат да бидат на трибините. Ова е најголемата неизвесност во моментов. Се надевам дека подготвените мерки е придонесат Европското првенство да биде безбедно и да се одржи без откажувања на натпреварите“, вели претседателот на Ракометната федерација на Словачка, Јарослав Холеша.

Во Словачка во Братислава и Кошице треба да се играат натпреварите од Групите Д, Е и Ф.