Доаѓа уште еден репрезентативец – Митев од лето го засилува Алкалоид

Митев имал понуди и од странство, но клубовите кои биле заинтересирани за него добиле одговор дека тој останува во Скопје, но во друг клуб. 

Новиот прволигаш Алкалоид, собира се повеќе репрезентативци во своите редови.  Новото име на листата е Марко Митев, кој од следната сезона дресот на Бутел Скопје ќе го замени со оној на Алкалоид. Тој има понуди за останување во Бутел, и повеќепати потенцираше дека сака да продолжи онаму каде најмногу би напредувал. Во Бутел каде ја имаше и афирмацијата добива се поголема минутажа, а скопскиот тим сега игра во плјеофот и се бори и за место што води во Лигата на Европа.

Соработката на селекторот на сениорската репрезентација и претседателот на федерацијата е привлечна за многу ракометари. Митев се наоѓа и на списокот на Лазаров за квалификациските натпревари со Романија што се играа во четврток и во сабота. Бешe и на последното ЕП во Унгарија, и настапи на мечот со Данска постигнувајќи еден гол.

Претходно со новиот прволигаш потпиша и Михајло Младеновиќ, а во најава има и за други трансфери на репрезентативци. Митев имал понуди и од странство, но клубовите кои биле заинтересирани за него добиле одговор дека тој останува во Скопје, но во друг клуб.

Алкалоид е на чекор до пласман во Суперлигата од следната сезона, дали преку директен пласман или бараж, или пак со административно проширување на лигата. Таму веќе потпиша Михајло Младеновиќ, а клубот веќе работи на ростерот за следната сезона и има доставено понуди до неколкумина актуелни репрезентативци. Од неколку репрезентативци, Алкалоид веќе доби негативен одговор, но се уште се прави тимот за в година.

Средниот бек Митев потекнува од Аеродром, каде собираше искуство низ натпреварите од Првата лига, а откако дојде во Бутел Скопје на најдобар можен начин ја искористи шансата од тренерот Кристијан Грчевски. Митев беше носител на играта на Македонија на кадетскиот ЕХФ шампионат и прогласен за МВП, а во оваа и минатата сезона беше избран за најдобар млад играч во Суперлигата во изборот на 24Ракомет.