Доаѓа Македа, па Веспрем мораше да се ослободи од еден десен бек

Како што објави официјалниот сајт на Веспрем, 19 годишниот десен бек Лев Зухарев наредната сезона ќе биде испратен на позајмица во клубот Егер.

Договорот со Егер е постигнат за позајмица во траење од една година. Веспрем го прави овој чекор за младиот ракометар да има повеќе простор за игра и напредок бидејќи во Веспрем има голема конкуренција.

Во текот на сезонава играчите на Веспрем кои играат на десната бековска позиција имаа многу проблеми со повредите и тој запиша 15 настапи.  Меѓу нив три беа во СЕХА лигата, а Зухарев има и настап во Лигата на шампионите на гостувањето кај Спортинг минатата сезона.

Во следната сезона во Веспрем бековското трио на десната страна ќе го сочинуваат Хорхе Македа, Кент Робин Тонесен и Омар Јахија.