Доаѓа крајот на кошмарот за Полман – Есбјерг објави крај на соработката!

Како што стојат работите се гледа крајот на проблемите на Ествана Полман во Есбјерг. Откако во интeрвју за холандските медиуми пред неколку недели раскажа во каква тешка ситуација се наоѓа, сега данскиот клуб објави дека таа нема да биде дел од клубот во наредната сезона.

„Не сакам да зборувам за се, секој конфликт има две страни. Имам договор со Есбјерг и затоа морам да внимавам што ќе зборувам. Во клубот понекогаш морам да тренирам одвоено од сите во аголот на салата. Ме игнорираат и не разговораат со мене. Зошто да не седнеме и да разговараме за да го решиме проблемот како возрасни“, гласеше изјавата на Полман на оваа тема пред неколку недели.

Денес Есбјерг потврди дека Полман нема да биде во клубот следната сезона.

„После внимателно разгледување на ситуацијата и блиска консултација со спортскиот сектор донесена е одлука Ествана Полман да не биде дел од нашите планови за следната сезона“, стои во соопштенеито на Есбјерг.

Договорот на Полман има важност до летото 2023 година, а сега раководството на Есбјерг заедно со ракометарката работи на пронаоѓање прифаливо решение за двете страни за таа да биде позајмена во друг клуб до крајот на сезоната или пак веднаш да се направи трансфер.

„За клубот е важно Ествана нормално да ја продолжи кариерата. Сакаме во тој дел да придонесеме колку што можеме повеќе. Полман навистина многу придонесе за развој на Есбјерг. Соработката во поглед од сите страни беше успешна“, изјави Бјарне Педерсен, претседател на Управниот одбор на Есбјерг.

Во редовите на Есбјерг Полман настапува од 2013 година и од тогаш одигра 240 натпревари и постигна 1270 голови. Со тој учинок Холанѓакната е најдобрата ракометарка во историјата на данскиот клуб.

Драма во Купот на Данска: Мајката на Полман збесна поради малата минутажа на својата ќерка!

Ѕвездата на тимот одби да влезе на терен, клубот ја суспендираше