Доаѓа европскиот првак: Во Брест веќе се продаваат билети за натпреварот со Вардар

Еден од ривалите на европскиот првак Вардар во новата сезона ќе биде Мешков Брест, новиот тим на екс вардарецот Сташ Скубе.

Белорускиот првак, кој упати понуди скоро до сите вардарци за трансфер додека „црвено-црните“ беа во криза, го навлече гневот кај навивачите на Вардар, па сега го има приматот на омразени тимови.

Тимот од Брест веќе ги пушти сезонските билети во продажба – за СЕХА лигата, Лигата на шампионите и домашното првенство.

Вардарци ќе гостуваат кај Брест во првото коло од новата сезона во елитното натпреварување на 16 или 17 септемри.

Цените на сезонските билети на белорускиот шампион можете да ги видите на следниот ЛИНК