Дисингер ја покажа девојката: Уживање е да се биде со тебе во карантин! (ФОТО)

Германскиот интернационалец од Вардар, Кристијан Дисингер, конечно ја покажа девојката од Македонија на социјалните мрежи.

Досега само неговата понежна половина, Марија Андоновска, повремено објавуваше заеднички фотографии, а сега и Дисингер се пофали со неа.

„Најдобрата поддршка – уживање е да се биде во карантин со тебе!“, напиша Дисингер.

Марија е сестра на Душица Андоновска, која ќе му стане сопруга на Игор Карачиќ, па Дисингер е на добар пат да му стане баџанак на Хрватот.