Дисингер си заминува – Следните две години во дресот на Динамо Букурешт

Левиот бек на Вардар, Германецот Кристијан Дисингер ќе го напушти шампионот на Македонија и во следната сезона ќе го облече дресот на екипата на Динамо Букурешт.

Тимот од Романија гради силен тим, па Дисингер треба да биде играчот кој со себе ќе донесе квалитет и за нападот и за одбраната.

Веќе е познато дека Дисингер ќе го носи дресот на Динамо Букурешт во следните две сезони и ќе биде добро засилување за овој клуб кој планира уште промени.

Дека ќе си замине од Вардар беше јасно веќе некое време откако почна ангажманот на нови ракометари кои настапуваат на позицијата лев бек.Тој беше дел од тимот што ја освои втората круна во Лигата на шампионите, но многу често беше надвор од терените поради честите повреди.