Динамо Букурешт со мега-засилување, го донесе Цупара!

Српскиот репрезентативен голман Владимир Цупара кој требаше да се пресели во Динамо Букурешт следното лето, тоа ќе го стори уште од ова лето и ќе биде вистинско засилување во тимот на Чави Пасквал.

Романскиот шампион за реализирање на големиот трансфер мораше да му плати оштета на унгарскиот клуб.

Цупара и Динамо Букурешт се договорија на соработка, која ќе биде со важност до 2026 година.

Иако Динамо Букурешт не доби вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, сепак, ќе биде еден од кандидатите за освојување на трофејот во Лигата на Европа.

Искусниот Цупара во последните четири години настапуваше во Веспрем, тим со кој два пати учествуваше на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Претходно го бранеше голот на Киелце, Адемар Леон и матичниот клуб Црвена Ѕвезда.

Динамо Букурешт претходно во меѓувреме ги потврди трансферите на десниот бек од Барселона, Александар Цениќ, пивотот од ПИК Сегед, Миклош Рошта и најталентираниот младинец од Романија, Даниел Станчук.

Динамо ќе му плати оштета на Веспрем: Цупара ова лето во Букурешт, доаѓа и Ненадиќ?