Димитриоски: Ќе напредуваме во текот на целата сезона и ќе ги оствариме зацртаните цели

Димитар Димитриоски по две сезони во шампионот Вардар од летово има нов предизвик во кариерата откако се пресели во Битола.

Средниот бек, кој последните неколку сезони играше како лево крило, се радува на трансферот и најавува остварување на целите на Еурофарм Пелистер 2.

„Мило ми е што сум тука во Битола. Еурофарм Пелистер има големо реноме во македонскиот клупски ракомет. Првите импресии се дека имаме одлична млада екипа, со дел искусни играчи. Мислам дека добро ќе напредуваме во текот на целата сезона и ќе го оствариме тоа што го зацртавме“, вели Димитриоски.

Првиот официјален настап за новиот клуб, Димитриоски ќе го има утре на натпреварот од првото коло во Суперлигата против Еурофарм Пелистер.