Дибиров со честитка за „Денот на победата“ (ФОТО)

Рускиот интернационалец Тимур Дибиров на социјалните мрежи упати честитка до сите што го прославуваат „Денот на победата“.

Денеска се слави 75 години од победата над фашизмот во Русија и во сите поранешни советски републики.

Иако беше планирана голема прослава на „Црвен плоштад“ во Москва, сепак поради актуелната ситуација со коронавирусот, таа мораше да биде одложена на неодредено.