Дибиров со порака до навивачите на Вардар: Засекогаш ќе бидете во моето срце!

Руското лево крило Тимур Дибиров по девет сезони си замина од македонскиот шампион Вардар.

Тој во следната сезона ќе го носи дресот на хрватскиот првак Загреб, а на Инстаграм се заблагодари на сите поддржувачи и вработени во Вардар.

„Драги пријатели,веројатно треба да има текст за многу страници, затоа што сакам да ви се заблагодарам на секој од вас, ви благодарам што ми го дадовте чувството да се биде дома, за поддршка, љубов и верба во мене!Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и горд сум што сум дел од семејството!Сакам да Им се заблагодарам на Македонија, Скопје, Комити, навивачите,Сергеј Самсоненко, сите играчи и вработени во клубот, вие сте засекогаш во моето срце!“, напиша Дибиров.

Руското крило со Вардар освои седум титули во Суперлигата, исто толку во Купот на Македонија, три во Супер Купот, пет во регионалната СЕХА лига и две во Лигата на шампионите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31)