Дибиров: Со нашите навивачи до нови големи успеси!

Ракометарите на Вардар ги добија противниците во групната фаза од новата сезона на Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ ќе се соочат со ПИК Сегед, ПСЖ, Мешков Брест, Фленсбург, Елверум, Келце и Порто.

Левото крило Тимур Дибиров вели дека групата ќе биде полна со неизвесни натпревари.

„Убаво е чувството да дознаеш со кои екипи ќе се сретнеш по толку долга пауза без ракомет, кој конечно ќе се врати на таков убав начин, со многу големи дерби натпревари полни со неизвесност. Сите натпревари ќе бидат атрактивни за гледачите, полни со интрига, неизвесни до самиот крај. Посакувам и верувам дека со поддршката на навивачите ќе стигнеме до големи успеси. Сите ривали се силни, но јас верувам во нашиот тим“, вели Дибиров за 24Ракомет.

Во првото коло, Вардар ќе гостува на тимот на Мешков Брест, додека на првиот меч во Скопје ќе дојде норвешкиот Елверум.