Дибиров за 24 Ракомет ТВ: Покажавме дека сме тим што секогаш верува во себе!

Ракометарите на Вардар во спортската сала ,,Јасмин” во Кавадарци го одбранија Куп трофејот откако направија херојски пресврт во последните десет минути во натпреварот против Еурофарм Пелистер и со голот на Филип Талески, кој беше реализиран во последните секунди, дојдоа до посакуваната цел. Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров, ја освои седмата Куп титула во „црвено-црниот“ дрес и наскоро со неговиот тим се очекува да ја одбрани дуплата круна. Искусниот ракометар истакна дека во двата последните натпревари од Суперлигата, против Бутел и Тиквеш, треба да бидат претпазливи и додаде дека Вардар како искусен тим со максимална концентрација може успешно да ја заврши оваа сезона.