Дибиров во потера на Карабатиќ и Лазаров

Рускиот интернационалец со македонски пасош, Тимур Дибиров, на дуелот со Алборг постигна шест гола и се искачи на третото места на вечната листа стрелци во Лигата на шампионите.

Дибиров го надмина Момир Илиќ, кој повеќе не е активен и сега има вкупно 971 погодок во елитното натпреварување.

Пред летечкото крило сега се само Никола Карабатиќ, кој има 1091 погодок, како и капитенот и селектор на македонската репрезентација Кире Лазаров, кој уште долго ќе биде недостижен на врвот со 1462 гола.

Дибиров во следните натпревари ќе ја пробие и границата од 1000 голови во ЛШ.