Дејвис: Ќе бев посреќен со победа, но тоа е што е…не чека уште многу работа

Вардар загуби на првиот натпревар на домашен терен од регионалната СЕХА лига од хрватскиот Нексе Нашице со 24-25.

Иако имаа цел напад барем за реми, тој не беше искористен и „црвено-црните“ мораа да се помират со пораз. Тренерот Давид Дејвис имаше деби со пораз.

„Трениравме овој месец, иако со половина екипа бидејќи другите беа со репрезентациите и доцна се приклучија. Ова беше прв натпревар, сите бевме нервозни. Не беше како што очекував и мора да промениме многу работи. Во принцип сум задоволен, екипата играше добро и јасно знаеме што ќе играме во иднина. Ќе бев посреќен со победа, но тоа е што е, не можеме да очекуваме уште на прв меч да играме како што треба. Имаме уште работа“, вели Дејвис.

Вардарци в недела ги чека дуел со Пролет од Суперлигата, а веќе на 8 февруари патуваат во Нови Сад кај Војводина во СЕХА лигата.