Дејвис: Очекував победа, ама сигурно не ваква

Ракометарите на Вардар претрпеа тежок пораз на првиот дуел од осминафиналето против составот на Веспрем откако денеска одиграа натпревар со многу голови и резултат 27:41.

Гостинскиот стратег Давид Дејвис вели дека Вардар го сфатиле сериозно и затоа се подготвувале многу за овој натпревар.

„Се подготвувавме најдобро што можевме и бев оптимист, но секако не очекував многу вака висока победа. Задоволен сум од изаднието во текот на сите 60 минути Сите мои играчи беа сериозни, сакам да им честитам за добрата игра. Почнавме добро, така и завршивме, иако не беше толку лесно како што изгледа можеби. Ова е ЛШ, ние сакаме да играме на Ф4 и секој натпревар што го играме и понатаму ќе играме за да победиме и да постигнеме нашите цели“, изјави Дејвис.

Реваншот меѓу Веспрем и Вардар се игра на 8 април со почеток во 18:45 часот.