Дејвис: На играчите полека им „влегува“ во глава што и како треба да играме

Ракометарите на Вардар по поразот од Нексе, ги очекува вториот натпревар од регионалната СЕХА лига.

Избраниците на Давид Дејвис ќе гостуваат во Нови Сад кај српскиот шампион Војводина во потрага по прв триумф.

„Мораме да играме многу подобро отколку со Нексе и да ги коригираме сите гршеки. Против Пролет бевме подобри, но мораме да продолжиме со уште повеќе работа. Војводина е опасен тим, ги предводи Немања Прибак, дисциплниран тим, со добар голман и кога играат дома се незгоден ривал. Мораме да бидеме трпеливи, на играчите веќе им „влегува“ во глава, знаат што треба и како треба да играме, одиме чекор по чекор и ќе биде подобро“, вели Дејвис.

Натпреварот меѓу Војводина и Вардар ќе се игра утре со почеток во 17:30 часот во Нови Сад.