„Дејвис е еден од кандидатите, а новиот тренер на Вардар ќе се знае најдоцна до Божиќ“

По разделбата на Вардар со Веселин Вујовиќ македонскиот првак е во потрага по нов главен стратег.

Заинтересирани тренери има многу кои веќе се нудат за оваа позиција, но сопственикот на клубот Михајло Михајловски нема да брза. Новиот тренер ќе биде именувам до крајот на декември или најдоцна до Божиќ.

„Колку е мал светот! Со Вујовиќ имав разговор во еден часот попладнево и се изненадив колку брзо тренери се појавија, се јавија и се понудија да бидат тренери на Вардар. Постои голем интерес и се изненадив што добив дал директни повици или преку менаџери на тренери кој се би сакал да биде тренер во Вардар. Секако двократен европски првак, играме во Лига на шампиони, секако дека Вардар е атрактивно име. Не сакам да откривам имиња. Од оние кои се јавуваат секако важни се и финансиските услови, но она што мене ми е важно е и концептот кој ќе го понудат, како тие гледаат на Вардар, што би смениле, што би додале. Сакам да видам како размислуваат за екипата и дали доволно ја познаваат, па дури потоа ќе се одлучам за тоа кој ќе биде нов тренер. Новиот тренер ќе биде именуван до крајот на декември или најдоцна до Божиќ“, вели за 24ракомет, Михајловски.

Дали шпанскиот стратег Давид Дејвис е еден од кандидатите?

„Да, Давид Дејвис е еден од кандидатите за клупата на Вардар. Не сме во преговори, но знам дека е слободен и имам информација дека би сакал да дојде во Вардар“, потврди сопственикот на „црвено-црниот“ тим.