Дејан Рикановиќ ќе продолжи да го брани голот на Струга

Босанскиот интернационалец Дејан Рикановиќ и во следната натпреварувачка сезона ќе биде дел од составот на Струга.

Младиот голман, кој во Македонија пристигна минатата сезона, имаше одлични партии во Супер лигата и беше еден од најзаслужните за обезбедениот опстанок на својот клуб.

Рикановиќ потекнува од Локомотива Брчко, таму ги мина сите младински категории, стигна и до сениорскиот дрес на некогашниот суперлигаш од БиХ, а пред да дојде во Струга настапуваше во Катар.

Од Струга си заминаа Никола Цветаноски (Прилеп), кружниот напаѓач Петар Маркоски (Еурофарм Пелистер 2) и Урош Лазаревиќ.

Екипата на Струга за ривали во новата сезона од Супер лигата ги има Куманово, Тиквеш, Скопје, Алкалоид, Еурофарм Пелистер 2, Аеродром и Охрид.