Дејан Манасков заминува од Веспрем!

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков ја минува последната сезона во унгарскиот гигант Веспрем.

Манасков дојде во Веспрем во 2017 година од бундеслигашот Рајн Некар Левен и стана еден од најдобрите стрелци во тимот. Досега постигна 536 голови за 156 натпревари во Веспрем, пред да заработи повреда, поради која се уште е надвор од терените.

Во ракометните кулоари веќе наголемо се зборува за иднината на еден од најдобрите ракометни амбасадори на Македонија, а покрај тимовите од Бундес лигата, многу често може да се слушне и името на Вардар од Скопје, каде на клупата е неговиот поранешен тренер од Веспрем, Давид Дејвис.

Манасков по настапите за Борец, Металург и Вардар, како и за бундеслигашите Вецлар и Рајн Некар Левен, ова летo ќе го има седмиот клуб во својата кариера. Со оглед на неговите квалитети, нема да биде тешко да најде клуб од самиот европски врв.