Дејан Манасков ги поздрави “хеjтерите” (ФОТО)

Екипата на Веспрем по фантастичната победа над Алборг во Лигата на шампионите, одигра уште еден добар натпревар. Унгарскиот гигант славеше над Дабас со 44-29, во натпревар од унгарскиот шампионат, а најдобар на теренот беше македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Репрезентативецот на Македонија постигна десет погодоци од 11 обиди за четириесетина минути минати на теренот и беше најзаслужен за убедливата победа против екипата, која се наоѓа на 10. позиција на табелата.

По натпреварот, левото крило на Македонија преку социјалните мрежи испрати порака до „хејтерите“.

„Некои луѓе сакаат да те видат како паѓаш. Разочарај ги!“, напиша Манасков на социјалните мрежи.