Десподовска повторно во трка за играч на колото во Полска

Интернационалката од Македонија, Зорица Десподовска која настапува во првенството на Полска продолжува со одличните игри за својот клуб Кобержице.

Десподовска во 17. коло беше предводник во победата на Кобержице против Старт Елблаг, 25:23.

Поранешната ракометарка на Металург натпреварот го заврши со шест постигнати погодоци и имаше неколку направени асистенции кон нејзините соиграчи.

Со добриот настап против Старт Елблаг, Десподовска влезе во изборот од три ракометарки за играч на колото.

На линкот во продолжение може да гласате за Зорица Десподовска со соодветна реакција на сликата.