Десподовска игра во одлична форма – во трка за МВП на колото во Полска

Поранешната ракометарка на Металург, Зорица Десподовска, по одличната партија против Келце, се најде во изборот за МВП на 17. коло во шампионатот на Полска.

Десподовска со девет постигнати погодоци беше најефикасна во победата на Кобержице против фенерџијата Келце со резултат 31:24.

Левиот бек од Македонија на натпреварот запиша и неколку асистенции.

Традиционално, ракометната федерација на Полска во соработка со три медиуми, преку социјалната мрежа Фејсбук ја избира најдобрата ракометарка во секое коло, а за Десподовска може да гласате на линкот во продолжение.

Гласањето трае до утре, 15 февруари до 15:00 часот.