Десподовска го продолжи договорот: Би можела да останам засекогаш во Кобержице!

Поранешната македонска репрезентативка Зорица Десподовска го продолжи договорот со полскиот Кобержице на уште една сезона.

Таа дојде во овој тим во сезоната 2019/20, откако претходно настапуваше за составот на Пјотрковија.

Десподовска со новиот договор се обврза на верност до крајот на сезоната 2023/24. Минатата сезона таа беше најдобар стрелец на Кобержице и постигна 125 гола на 28 меча.

„Среќна сум што сум дел од овој тим. Се чувствувам одлично во овој тим, тоа е важно за мене. Кобержице е мојот втор дом, и би можела да останам овде засекогаш“, изјави Десподовска.

Минатата година таа доби полско држвјанство и настапува како домашна ракометарка во Кобержице.