Деспина со одлично второ полувреме ја „прегази“ Гевгелија

Екипата на Деспина на гостувањето во Гевгелија кај истоимената екипа забележа убедлива победа со десет гола разлика, 28:18, во натпревар од 6. коло од плеј-аут фазата во единствената сениорска конкуренција кај дамите.

Избраничките на Страшо Илиоски со убиствена одбрана во второто полувреме целосно ги откажаа домаќинките.

Во првиот дел беа постигнати мал број на голови, резултатот беше нерешен 9:9, додека во продолжението гостинките примија само девет гола, а постигнаа дури 19.

Деспина со новите три бода го презеде второто место на табелата во плеј-аут фазата.

Прилепчанки во следното коло на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Шампион, додека Гевгелија е слободна.