Деспина се враќа со „тројка“ од пелагониското дерби

Екипата на Деспина дојде до победа од 26:17 од гостувањето во Битола каде што беше одиграно пелагониското дерби во Женската лига. Гостите од Прилеп беа подобри и уште на стартот на средбата успеаја да решат сè.

Натпреварот почна со 6:0 за гостинките, а домашните првиот погодок го постигнаа дури во9. минута. Оваа предност од шест гола беше сосема доволна да можат од Деспина да имаат постојана контрола на резултатот и на играта.

До крајот на првиот дел истата предност беше и зголемена до седум гола разлика, но на одмор Деспина замина со 15:9.

Овие шест гола во вториот дел одново беа зголемени. Темпото на игра беше постојано вокорист на прилепчанки, кои знаеја до крајот на средбата да го зачуваат водството за да дојдат дотри бода од овој натпревар.

Со 26:17 без проблеми стигнаа до триумф така што си заминаа со три бода.

Мери Конеска и Ангела Камческа со по осум гола беа најефикасните во Деспина, додека Елена Рипилоска имаше шест. Во тимот на Пелистер Марија Јанкуловска со седум и Драгана Милосављевиќ со пет гола беа најпрецизни.