Деспина го доби пелагонискиот двобој против Пелистер

Ракометарките на Деспина беа подобри во пелагонискиот дуел против Пелистер со четири гола разлика, 23:19, во натпревар од 6. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.

Прилепчанки до победата дојдоа откако одиграа подобро во второто полувреме. Екипата на Пелистер имаше сили само за првото полувреме, кое заврши со минимална предност за Деспина од 11:8.

Во второто полувреме разликата во квалитет меѓу двете екипи се одрази на резултатот, па така избраничките на Страшо Илиески со серија од 4:0 се одлепија на 16:10 и продолжија со исто темпо до крајот.

Главни стрелци во составот на Деспина беа Сања Цветкоска со седум, Ангела Камческа со шест и Елена Рипилоска со по пет погодоци. Кај Пелистер се истакнаа Сара Рујановска со шест и Кристина Наумовска со четири погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124