Десетина земји тргнаа во трка за Европските првенства во 2026 и 2028 година

Европската ракометна федерација ги објави земјите кои се во трка за добивање на организацијата на шампионатите во машка и во женска конкуренција во 2026 и во 2028 година.

Сосема очекувано далеку поголема заинтересираност постои за првенствата кај мажите каде што во трка се поголем број на земји. Хрватите, Французите, Швајцарците, Швеѓаните, Норвежаните и Данците се појавуваат за двете првенства.

Норвешка и Данска кои се домаќини на женското ЕП и годинава влегуваат заедно во трка за сите шампионатите. Тие ја сакаат организацијата и кај мажите и кај жените и за двете првенства така што влегуваат со најголеми шанси за да добијат едно од нив.

Истото важи и за Шведска која самостојно тргнува по организација на некој од шампионатите.

Дефинитивно поголема е шансата во женска конкуренција бидејќи таму речиси и да нема конкуренција, додека во машка е далеку потешко бидејќи има неколку земји кои може да одговорат на барањата од ЕХФ и да ја добијат организацијата.

КАНДИДАТУРИ ЗА ЕП 2026 И ЕП 2028

МАЖИ

ЕП 2026 (15 јануари – 1 февруари): Белорусија/Литванија/Полска, Хрватска, Франција, Норвешка/Данска, Швајцарија, Шведска.

ЕП 2028 (13-30 јануари): Белгија, Хрватска, Естонија, Франција, Норвешка/Данска, Португалија/Шпанија, Швајцарија, Шведска.

ЖЕНИ

ЕП 2026 (26 ноември – 13 декември): Норвешка/Данска, Русија, Шведска.

ЕП 2028 (30 ноември – 17 декември): Норвешка/Данска, Шведска.