Десен бек од Радовиш потпиша за Црвена Ѕвезда

Српскиот интернационалец Милош Лојаничиќ, кој во пролетниот дел од сезоната настапуваше за Радовиш, има нов клуб.

Десниот бек му помогна на Радовиш да обезбеди опстанок, но нема да ја продолжи соработката и се враќа во татковината.

Лојаничиќ се обврза на двегодишна соработка со составот на Црвена Ѕвезда, кој е предводен од Жикица Милосављевиќ, некогашното десно крило на Куманово.

Српскиот десен бек потекнува од Врбас, беше член на Раднички Крагујевац, Спартак Војпут, а на интернационална сцена играше за хрватскиот Осијек, финските ХИФК и ПИФ, турските Гозтепе и Анталија, босанската Вогошча, израелските Хапоел Кирјат и Макаби Тел Авив.

Од Радовиш заминаа и левото крило Зоран Стојановски и средниот бек Ивица Илиев, а нови договори потпишаа левите бекови Ангелче Органџиев и Здравко Постолов, десното крило Спасе Ѓорѓиев, како и левото крило Кристијан Ристов.