Дерби уште на стартот, неготинци на тест против непоразените од Скопје 2020

Во Групата Б од Првата машка лига денеска се очекува интересен двобој меѓу составите на Вардар Неготино и Скопје 2020, а тоа е дуел со кој ќе биде отворено 4. коло.

Тука нема фаворит со оглед на тоа што и двата состави сакаат бодови денеска, особено Вардар Неготино после поразот во минатото коло на дуелот против Металург РА.

Оттаму денеска ќе иде доста интересно уште на стартот од денот во Групата Б што значи дека ќе биде доста возбудливо.

Ќе има интересни пресметки и во продолжение од денот така што ова ќе биде ден за надигрување односно ден во кој може да се очекуваат интересни средби и многу погодоци.

Засега непоразени се само Металург РА и Скопје 2020, а дали ќе биде така и после 4. коло ќе покажат и денешните пресметки.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА Б

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО

САБОТА, 17 ОКТОМВРИ

12:15ч

ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ 2020

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

14:30ч

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – КУМАНОВО

Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

16:45ч

ТЕКСТИЛЕЦ – ПАРТИЗАН 2016

Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје. Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

19:00ч

МАКЕДОНИЈА ЃП – МЕТАЛУРГ РА

Судии: Наум Танески од Струга и Пеце Стефановски од Охрид. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

*Натпреварите се играат во „Кочо Рацин“ во Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург РА 9 бода (106:68); 2. Скопје 2020 – 9 (108:74); 3. Куманово 6 (81:67); 4. Вардар Неготино 6 (82:86)…