Дерби за врвот, Шампион го брани првото место против Драчево

Со натпреварот меѓу Борец и Аеродром денеска ќе биде отворено 4. коло во Групата А од Првата машка лига, но јасно е дека главниот дуел кој се очеквуа се игра во терминот потоа кога на терен ќе излезат составите на Шампион и Драчево.

Ова е натпревар кој е директна пресметка за првото место и може да се очекува надигрување од 60 минути во обидот да се дојде до бодови бидејќи и на двете екипи им се потребни.

Како што стојат работите ова ќе биде тест за можностите на составот на Шампион кој после три победи добива сериозен ривал кој е повратник во натпреварувањето. Драчево има добар тим кој може да парира, па оттаму на Шампион е да покаже со какви сили располага.

Ќе биде интересно и на другите средби денеска од 4. коло во Групата А, но јасно е кои дуели за што ќе решаваат особено што до крајот има уште три кола.

 

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА А

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО

САБОТА, 17 ОКТОМВРИ

12:15ч

БОРЕЦ – АЕРОДРОМ

Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Васил Зипевски од Гостивар.

14:30ч

ШАМПИОН – ДРАЧЕВО

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.

16:45ч

ЈЕХОНА – ПРЕСПА

Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Саше Ѓорѓески од Гостивар.

19:00ч

КИЧЕВО 2020 – РИНИА М

Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

*Натпреварите се играат во салата во „7 Март“ во Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Шампион 9 бода (99:80); 2. Аеродром 7 (104:71), 3. Драчево 7 (90:76); 4. Јехона 6 (113:98)…