Интересно дерби во Неготино – Вардар го испрати Драчево со празни раце

Водечките екипи од групата Б во Првата лига Варадр Неготино и Драчево одиграа интересен и неизвесен натпревар кој беше решен во финишот. Домашната екипата запиша нови бодови откако триумфираше со 31:25.

Иако на крајот Вардар Неготино победи со шест гола разлика, првото полувреме беше максимално израмнето и Драчево постјано беше закана за противникот. Во последните минути од првиот дел домаќинот на мечот обезбеди предност од 15:12 на паузата.

Вториот дел продолжи во ист ритам, најчесто со два или три водство на Вардар Неготино. Така се играше до финишот кога Драчево имаше многу проблеми со реализацијата и за десет минути постигна само два гола. Тоа го искористија ракометарите од Неготино и остварија победа.

Натпреварот го одбележаа голем број исклучувања вкупно 15 на двете страни. Со оваа победа Вардар Неготино се израмнува по бројот на бодови со Драчево на врвот на табелата со натпревар помалку.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ѓорги Ташев со осум погодоци, а шест постигна Драган Кузманов. Во составот на Драчево седум гола постигна Филип Дабевски, додека Александар Димовски погоди шестпати.