Дербито во Неготино го реши одбраната, Аеродром се враќа со три бода

Ракометарите на Аеродром се враќаат од гостувањето во Неготино со победа од 24:21 со што успеаја да ја отворат пролетната полусезона со две победи.

Дека ова ќе биде интересен натпревар односно натпревар во кој нијанси би можеле да решаваат беше јасно уште пред почетокот на средбата. И двете екипи посакуват место во баражот за Супер лига, па така и го почнаа натпреварот.

Домашните тргнаа сигурно и беа во водство. Сепак, таа предност не даваше гаранција за мирно продолжение односно мораше да се одработи на исто ниво за да се освојат бодовите. Најголемата предност беше четири гола при 10:6, но ова не беше разлика која гарантираше мирно продолжение на натпреварот.

Место ова средбата имаше интересно продолжение. Гостите намалија на три разлика, па на одмор Вардар Неготино имаше предност од 11:8.

Во вториот дел одбраната на Аеродром беше на повисоко ниво и успеа да одработи кога беше најпотребно за да може да се дојде до резултат каков што се посакува. Првото израмнување дојде при 13:13, а потоа после неколку минути игра гол за гол, имаше неколку исклучувања кај домашните меѓу кои едно и за официјалните лица така што беше тешко да се следат расположените гости.

Играњето со ракометар и со два повеќе на моменти даде резултат, па откако Аеродром поведе со 22:18 полека почна да станува јасно дека гостите заминуваат со бодовите. До крајот домашните притиснаа, но немаше време за пресврт, па гостите се враќаат за Скопје со триумф од 24:21.

ВАРДАР НЕГОТИНО – АЕРОДРОМ        21:24 (13:10)

Сала: СРЦ „Младост“ во Неготино. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Јефремов, Божиновски, Недев, Ристов 1, Бор. Трпески 2, Бој. Трпески, Кузманов 6, Ташев, Ристовски 1, Гроданов 4, Пеовски 6, Најдов, Минов, Ѓорѓев, Орешков, Стаменов 1.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 16 мин.

АЕРОДРОМ: Куртановиќ, Павличковски, Богдановски, Ивановски, Михајлов 8, Наумовски 3, Попов 1, Маркудов 3, Рачевски 1, Петрески 1, Стојановски, Пејковски, Ефтимов 2, Гогов, Митревски 5, Симоновски.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 8 мин.