Дербито во Лигата на шампионите ќе го судат Николовски и Металари

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите.

Двојката од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат „мечот на неделата“ според ЕХФ.

Тоа е натпреварот меѓу унгарскиот Ференцварош и францускиот Мец што ќе се одигра во градот Ерд.

Мечот е на програмата на 29 април со почеток од 16:00 часот, а делегати се Фулеова од Словачка и Фрешер од Словенија.