Денеска почнува првиот ЕХФ шампионат за младинци, Македонија ќе игра на вториот за две недели

Денеска во Варна во нашиот источен сосед, ќе стартува првиот ЕХФ шампионат за младинци, односно за ракометари до 20 години.

Македонската младинска селекција ќе биде дел од истото вакво натпреварување кое ќе стартува на 16 јули и ќе се игра до 24 јули.

Шампионите од ова натпреварување ќе обезбедат место на Светското првенство за младинци во Хрватска следната година.

Дополнителни квалификации ќе играат второпласираните, односно финалистите, но тоа ќе биде утврдено дополнително во зависност од бројот на места од Европа за СП.

ЕХФ шампионат 1, распоред:

Група А
Чешка – Финска
Летонија – Бугарија

Група Б
Турција – Грузија
Холандија – Словачка