Денеска на терените: Ќе се игра ракомет, но само Белорусите се на терен

И додека низ цела Европа и низ светот сите спортски настани се во прекин, во Белорусија очигледно ова правило не важи.

Првенството во оваа земја продолжува според предвиденото, а за денеска се закажани три натпревари. Ќе се одиграат средби после кои може да има појасна слика на табелата.

Сосема извесно е дека Мешков Брест е фаворит тука и не би требало да има поголем проблем за да може да се задржи на лидерското место и да дојде до нова титула.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

13:00ч

СКА МИНСК – БГУФК МИНСК

14:00ч

МЕШКОВ БРЕСТ – ГОМЕЛ

14:30ч

КРОНОН – МАШЕКА