Денеска на терените: Три дуели во Токио сите три дерби

После трите одиграни натпревари од 3. коло кај дамите остануваат уште три натпревари кои треба да се доиграат, а сите се дерби со оглед на тоа што на терен ќе се најдат состави од Европа.

Први на терен излагаат составите на Црна Гора и Норвешка, а тука Норвежанките се големи фаворитки особено откако беа видени слабостите на Црногорките на средбата против Јапонија.

Русија нема право на грешка против Унгарија, а ова ќе биде тест за олимпискиот првак дали може до голем резултат и на овие игри.

Последни на терен денеска се Франција и Шведска, а ова треба да биде најизрамнетиот натпревар во 3. коло од женскиот турнир на Олимписките игри.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

09:15ч

ЦРНА ГОРА – НОРВЕШКА

12:30ч

УНГАРИЈА – РУСИЈА

14:30ч

ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА