Денеска на терените: Топ дуели во Токио, следува битката за финале

На програмата на Олимписките игри во Токио се двете полуфинални средби во машка конкуренција кои се очекува да донесат одличен ракомет и максимално големи возбудувања во текот на сите 60 минути и на едниот и на другиот дуел.

Први на терен се репрезентативците на Франција и Египет. Првата селекција од Африка која успела да стигне до полуфинале на Олимписките игри ќе има голем предизвик бидејќи игра против трикратен освојувач на златен медал така што ќе нема момент за опуштање.

Потоа од 14 часот доаѓа дуелот меѓу актуелниот европски против актуелниот светски и олимписки првак. Само за една селекција има место во финалето, а дали Шпанија или Данска ќе се бори за злато ќе биде познато после одмерувањето на силите.

За денеска се предвидени и натпревари на Европското првенство за кадетки.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

10:00ч

ФРАНЦИЈА – ЕГИПЕТ (Олимписки игри)

13:45ч

ШВЕДСКА – СЛОВЕНИЈА (ЕП за кадетки)

14:00ч

ШПАНИЈА – ДАНСКА (Олимписки игри)

ФРАНЦИЈА – РОМАНИЈА (ЕП за кадетки)

15:45ч

РУСИЈА – ХРВАТСКА (ЕП за кадетки)

16:00ч

ГЕРМАНИЈА – ЧЕШКА (ЕП за кадетки)

18:00ч

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА (ЕП за кадетки)

УНГАРИЈА – СЛОВАЧКА (ЕП за кадетки)

20:00ч

АВСТРИЈА – ШВАЈЦАРИЈА (ЕП за кадетки)

НОРВЕШКА – ПОРТУГАЛИЈА (ЕП за кадетки)