Денеска на терените: Следниот ривал на Вардар со домашна контрола

Екипата на Келце која ќе биде следниот ривал на Вардар во Лигата на шампионите денеска ќе има натпревар во првенството на Полска.

Со оглед на тоа што репрезентацијата на Полска не играше во ЕХФ неделата откако имаше позитивни ракометари на Ковид 19 ова е можност за да се одработи на домашна сцена.

Денеска има мал број на натпревари после натпреварите на репрезентациите, па додека ракометарите да се вратат во своите клубови.

Затоа веќе утре и задутре бројот на натпревари ќе биде далеку поголем.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

17:00ч

КЕЛЦЕ – ТАРНОВ (Полска, Супер лига)

ЛУЧ – СТАВРОПОЛ (Русија, Супер лига, жени)