После двата порази на стартот од сезоната денеска ракометарите на Радовиш и Скопје 2020 ќе се најдат во трка за први бодови сезонава. Тие го играат последниот дуел од 3. коло така што денеска имаат шанса за да стигнат до искачување на некое место погоре на табелата.
Искуството би требало да биде на страна на домашните, но Скопје 2020 има тим кој може да се надигрува со Радовиш, па затоа ова треба да биде интересен натпревар.
Очекувањата се да има неизвесност така што вечерва ќе се следи возбудлива средба во Радовиш.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
18:00ч
СТАВРОПОЛ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ (Русија Супер лига)
19:00ч
РАДОВИШ – СКОПЈЕ 2020 (Македонија Супер машка лига)
ХОВДЕ – ХАЛБИ (Куп на Шведска)
20:00ч
ЛЕМВИГ – СКАНДЕРБОРГ АРХУС (Данска 1)