Денеска на терените: Норвешка против Холандија за прво место

Средбите од 4. коло во женска конкуренција финишираат со дуелот меѓу Норвешка и Холандија кој треба да се одигра од 14:30 часот. Тој е последен меч од оваа рунда, а ќе има голема важност за двете селекции од причина што се израмнети.

Тоа се двете репрезентации кои досега имаат максимален број на бодови и оттаму ќе биде доста интересно да се види како ќе функционираат на теренот односно која ќе успее да дојде до првата позиција во Групата А.

Оттаму овој дуел ќе го одбележи денот и ќе донесе доста нови возбудувања.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

09:15ч

БРАЗИЛ – ШВЕДСКА

12:30ч

УНГАРИЈА – ШПАНИЈА

14:30ч

НОРВЕШКА – ХОЛАНДИЈА