Денеска на терените: Нант и Кире пред нов предизвик, му гостуваат на Кил

После вчерашните четири средби од 2. коло од Лигата на шампионите за денеска се предвидени нови два дуели кои треба да се одиграат во рамки на групата Б. Добро е познато дека Вардар и Елверум нема да играат денеска така што останува тој меч да се одигра во термин кој ќе биде дополнително одреден.

Денеска Лазаров и Нант имаат тешко гостување и тие се дел од најинтересниот натпревар. Му гостуваат на Кил и тука се очекуваат возбудувања. Дефинитивно треба да биде допадлив ракомет, а на хартија фаворит е домашниот состав.

Затоа, пак, Дејан Манасков со Веспрем е во предност против тимот на ППД Загреб. Тука секој резултат што нема да биде победа за шампионот на Унгарија ќе биде големо изненадување.

Другите натпревари од денешната понуда нормално можете да ги видите во продолжение.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

16:00ч

ДИНАМО СИНАРА – ЗВЕЗДА ЗВЕНИГОРОД (Русија, Супер лига – жени)

17:00ч

АДЈИФ – ЛАДА ТОЉАТИ (Куп на Русија, жени)

18:00ч

ФЕРЕНЦВАРОШ – ОРОШАЗИ (Унгарија 1)

БОЛГАР АКАДЕМИЈА – АЛБА ФЕХЕРВАР (Унгарија 1, жени)

САНДЕФЈОРД- КОЛСТАД (Норвешка 1)

18:30ч

ХОЛСТЕБРО – НФХ НИК (Данска 1, жени)

18:45ч

КИЛ – НАНТ (Лига на шампиони)

ВЕСПРЕМ – ППД ЗАГРЕБ (Лига на шампиони)

19:00ч

ХЕЛСИНБОРГ – ГУИФ (Шведска 1)

ИФК ИШТАД – АРАНАС (Шведска 1)

20:00ч

ИСТР – ТРЕМБЛЕ (Франција 1)

СЕСОН – СТ. РАФАЕЛ (Франција 1)

ВИБОРГ – ХЕРНИНГ ИКАСТ (Данска 1, жени)

20:45ч

БАРСЕЛОНА – ЦЕЛЈЕ (Лига на шампиони)

21:30ч

АФТУРЕЛДИНГ – СЕЛФОС (Исланд 1)

ИР РЕЈКЈАВИК – ТОР АКУРЕЈРИ (Исланд 1)

21:45ч

ФХ ХАФНАРЈОРДУР – ФРАМ (Исланд 1)